Педесет и седумгодишната Соња и шеесет и деветгодишниот Марко Миротиќ од Грбавац, кај Подгорица очекуваат бебе во април, кога Соња треба да се породи и за првпат да стане мајка по долгата борба да има деца.
За црногорскиот портал Дан тие раскажале како ги урнале сите бариери, предрасудите на околината и ги поместиле границите.
-На сите парови кои минуваат низ она што ние го поминавме им порачувам да веруваат. Прво, тие треба да веруваат во себе и во својот партнер и да имаат огромна желба за тоа. Можеби мислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психолошка работа, тоа е и удар по нивниот џеб, но само бидете упорни и веројатно ќе се оствари. Оној кој верува во чуда создава чуда. Нека не се откажуваат, вели Соња Миротиќ во емисија за порталот Дан.
Повеќе за ова на порталот Мајка и дете.