Турски војник и четворица полицајци се ранети во денешната експлозија на ракета истрелана врз турско-сириската погранична провинција Килис, јави државната агенција Анадолија.
Во извештајот на агенцијата се вели дека ракетата погодила област во близина на граничниот премин, но не се дадени дополнителни детали.
Претходно Сириските демократски сили (СДФ), контролирани од Курдите, најавија дека ќе возвратат на воздушни напади на турските воени авиони.
Турското Министерство за одбрана рано денеска потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.