Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, ги коментираше информациите дека клубот го вклучува во некаков пакет за размена со Интер.

-Јас не сум вреќа со компири, ќе одлучам сам каде да продолжам кариера. Сакам да бидам таму каде ме ценат. Ако тоа е тука, во ред е, но ако не, тогаш ќе си најдам каде, изјави Ракитиќ.

Оваа сезона, 32-годишниот Хрват одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои направи три асистенции.

Барселона сака да му го понуди Ракитиќ плус пари на Интер во размена за Лаутаро Мартинез.