Стрелецот на победничкиот гол за Барселона на синоќешниот дуел со Атлетик, Иван Ракитиќ, рече дека е задоволен што му донесе победа на тимот и потенцира дека според него, Ла Лига е најтешката лига на светот.
– Беше тежок натпревар. Атлетик ни создаде многу проблеми. Но, драго ми е што го постигнав мојот прв гол во сезоната. Ретко е да не реализирам толку долго и јас сум лут поради тоа. Секогаш е тешко да се освои Шпанското првенство, бидејќи ова е најдобрата лига на светот.
Барселона и Реал Мадрид водат „мртва“ трка за првото место. Каталонците имаат три бода повеќе во однос на мадридскиот клуб, но и натпревар повеќе.