Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работник, објави денеска битолскиот ракометен прволигаш.
Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот тим. Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор.
Дваесет и четиригодишниот загрепчанец ќе биде замена за неколку ракометари на оваа позицијата кои го напуштија клубот.
Јотиќ е трето интернационално засилување за тренерот Алушовски по Словенецот Ратајац, кој дојде од шампионатот на Австрија и Марин Вегар, кој пристигна од Романија.
Подготовките за новата сезона битолчани ќе ги почнат на 21 јули.