Македонската ракометна репрезентација славеше над Грузија со 25-21 во првиот од двата натпревари кои нашиот националец тим ќе ги одигра со овој противник во СЦ „Борис Трајковски“.
Ова беше дуел на кој воопшто не настапи капитенот Кирил Лазаров, а дел од најважните играчи имаа лимитирана минутажа, меѓутоа тоа не може да биде оправдување за многуте осцилации во играта. Првите 30 минути донесоа изедначена игра и реми од 12-12, а така беше и поголемиот дел во второто полувреме во кое сепак ние успеавме да го скршиме отпорот на Грузијците и да дојдеме до славје на овој натпревар.
Најдобри наши стрелци на средбата беа Велковски, Поповски и Пешевски со по четири постигнати голови.
Втората контролка со Грузијците во рамките на ЕХФ неделата ја имаме утре од 16 часот.