Ракометниот клуб Вардар 1961 доживеа убедлив пораз на гости кај Мелсунген со 34:18 (17:10) во својот втор натпревар во ЕХФ Европската лига во оваа сезона.
На теренот во Германија доминираше домашната екипа и во ниту еден момент не ја доведе во прашање својата победа.
Српскиот интернационалец Крсманчиќ беше најефикасен во редовите на Вардар со четири голови, а по три имаа македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски и Тунижанецот Ашраф Маргели.
Кај победничкиот тим, Сипош, Јонс и Торебејано во редовите на Мелсунген беа најефикасни со по пет гола.
Во рамките од третото коло Вардар 1961 на 22 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека Порто. (МИА)