Извлекувањето на групите за претстојното Европско првенство во ракомет сениорска машка конкуренција, што во јануари 2020 година, ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка, ќе се изврши денеска со почеток од 18:45 часот во Виена.
Северна Македонија по освоеното прво место во квалификациската група, го обезбеди своето учество на Европското првенство, а во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир.
Според системот на натпреварување, извлечени ќе бидат шест групи со по четири репрезентации, од кои најдобропласираните две селекции, продолжуваат во втората фаза.