Maкедонската ракометна репрезентација денес забележа уште една победа во квалификациите за Европското првенство откако после Луксембург, денес ја совладавме и Турција со 27:36.
Македонија тргна моќно, со цврста одбрана и ефикасен напад. Турците цели 13 минтуи не успеваа да го најдат патот до нашата мрежа, а ние во тој период отворивме со неверојатни 0:9. На крајот се покажа дека токму тоа беа минутите во кои ние го решивме прашањето на победникот.
Во продолжение успешно ја одржувавме оваа предност со која и заминавме на полувреме (8:17), иако имавме и +10. Тие +10 беа и највисоката предност во натпреварот.
Во вториот дел Лазаров имаше можност како и против Луксембург да испроба нешто ново. Се што направи Турција е да се доближи до -6 на неколку пати, сепак се забележуваше дека нашите момци го имаат под контрола натпреварот и резултатот.
Талески беше најефикасен кај нас со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а четири додаде Томислав Јагуриновски. Никола Митревски натпреварот го заврши седум одбрани или 50 отсто одбранети удари.