Ракометните и кошаркарските клубови од понискиот ранг на натпреварување ќе го продолжат бојкотот во сениорските и младинските категории поради тоа што не добија ваучери од Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Тие најавија дека во недела, на трети ноември 2019 година, во 12 часот ќе имаат мирен протест пред Владата на Македонија под мотото „Политиката надвор од спортот“.
На протестот ќе учествуваат и членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови, кои не добија ваучери.
„Ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисок ранг и претставници на ракометната и кошаркарската федерација да ја дадат поддршката со активно учество на самиот протест. Спортски поздрав, ракометни и кошаркарски клубови“, беше објавено во соопштението.