Албанскиот премиер Еди Рама денеска оцени дека со тоа што Приштина одбива да учествува во регионалната иницијатива, тн. „мал Шенген“ што се одржува денеска и утре во Тирана, Косово станува политички губитник.

– На Самитот нема да бидат само претседателите на Србија и С. Македонија, туку и други. САД испратија претставник на Стејт департментот да го поддржат овој процес, истакна Рама, дополнувајќи дека на собирот ќе има и претставници на Европската комисија, ЕБРД и Светска банка.

– Сите ќе дојдат. Зошто? затоа што ова е процес кој сите го поддржуваат, истакна Рама.

Тој уште оцени дека проблемите на Белград и приштина не се решаваат со судири и воведување такси, туку преку дијалог.