Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ја предупреди албанската јавност дека се можни рестрикции на електрична енергија бидејќи, како што рече, Албанија не добила доволно струја.
По разговорот со градоначалниците на Поградец, Рама рече дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, кој предвидува намалувања во случај на потреба, пренесе Танјуг.
„Планот за прекин на струјата е подготвен. Станува збор за тотални кратења во снабдувањето со енергија. Ние го создадовме овој план во случај на потреба или итни случаи. Луѓето треба да почнат да штедат“, рече Рама.