Пред почотокот на новата 2020 – 2021 учебна година, која по првпат ќе се одвива во услови на пандемија од Ковид-19, албанскиот премиер Еди Рама им порача на одговорните во образовниот сектор „ноќта да ја претворат во ден и да ги спроведуваат препораките до мимилиматар“.
Рама на одржаниот онлајн состанок со раководителите на регионалните управи и локалните канцеларии за образование, упати јасна и отсечна порака дека строго треба да го почитуваат, од збор до збор прирачникот подготвен од Министерството за образование, спорт и млади, за заштита на здравјето на учениците, но и на нивните родители,пренесуваат албанските медиуми.
-Според последната одлука на Владата наставата од првото полугодие од учебната 2020-2021 годна, почнува на 14 септември и тоа една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта ќе се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час ќе трае 30 минути а во учлница ќе има до 20 ученици. Во секое училиште ќе има по еден здравствен работник. Сите училишта преземаат мерки и активности за почеток на новата учебна година и ви порачувам ноќта да ја претворите во ден за целосна заштита на здравјето на децата а и на нивните родители, порача Рама.
Посочи дека тешкотијата поради пандемијата е најголемиот предизвик што треба да се надмине во оваа учебна година и оти непходно е залагање на сите со оглед на големото значење на здравјето на сите и со оглед на тоа што децата не се целосно имуни на овој вирус.
Од вчера до 11 овој месец во 600 училишта во земјата се одвива дополнителна настава за над 5.400 ученици од прво до петто одделение, кои немале можност следат онлајн настава во периодот март – мај, кога учлишптата беа затворени порад пандемијата.
Главно станува збор за деца од ромска и египќанска етничка заедница, како и оние од повисоките планински населени места.