Познатиот германски весник „Дер Шпигел“ во денешното издание објави напис под наслов „Германската полиција морала да интервенира кога албанскиот премиер Еди Рама, одбил да стави маска во авион“, предизвикувајќи скандал во авионот на Луфтханза.
-Еди Рама предизвика скандал во авионот на Луфтханза, за време на четвртиот бран на пандемијата на коронавирус. Албанскиот премиер не сакаше да стави заштитна маска. Кога ни пилотот не успеал да го реши конфликтот, пристигнала федералната полиција. Само откако го убеди набрзина повиканиот вработен во Федералното министерство за надворешни работи, Рама конечно се согласи да ги спроведе прописите против коронавирус, како и сите други патници во Луфтханза, стои во написот.
Според истиот извор авиокомпанијата потоа одреди друг лет за САД за него и неговата десетчлена делегација.
Написот одекна во медиумите, по што реакцијата на албанската влада не изостана. Во објава на Твитер, Ендри Фуга, директор за комуникации на премиерот, наведувајќи дека „инцидентот на кој се повикуваат германските медиуми е стара вест и нема никаква врска со заштитна маска од Ковид-19“.
-Стара вест, за инцидент во кој во основа не беше носењето на маска, туку недолично однесување на еден од членовите на екипажот. Извинување од компанијата пристигна истиот ден, и тоа беше прифатено, пишува Фуга кој го објавува писмото со извинување на компанијата до премиерот Рама.
-Екселенцијо, во име на Lufthansa German Airlines, се извинуваме што вие и вашето семејство бевте симнати од летот LH442 на Луфтханза од Франкфурт до Детроит на 3 декември 2021 година и длабоко жалиме за непријатностите предизвикани од ова застанување. Особено ви се извинуваме вам и на вашето семејство доколку однесувањето на некои членови на екипажот беше сфатено како несоодветно и не се третира со потребната чувствителност и разумност, стои во извинувањето според Фуга.
Но Шпигел пишува како бил откриен инцидентот во авионот.
-Шефот на Луфтханза, Карстен Спор, го спомена инцидентот во интервју за Шпигел на почетокот на овој месец. Иако шефот на авиокомпанијата не го спомна името на Рама, тој нагласи дека нема повластен третман кога станува збор за обврската за носење маска – дури ни за премиер, наведува Шпигел, чиј новинар истражувал за инцидент на кој се осврнал шефот на Луфтханза и денеска го објави инцидентот со шефот на владата Еди Рама.