Меѓу настраданите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија утрото на 26 ноември е и свршеницата на синот на албанскиот премиер Еди Рама, пренесе српски „Телеграф“ повикувајќи се на информации од РТВ2, од каде што информираат дека веста за смртта на својата свршеничка ја потврдил и Грегор Рама.
„Меѓу многуте жртви во оваа природна непогода под урнатините е пронајдена и мојата свршеница, заедно со нејзините брат, мајка и татко“, напиша Грегор Рама на „Инстаграм“.
Кристи Реци (24), која загина во земјотресот, дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана.
Дури и премиерот Еди Рама не можеше да ги задржи солзите кога новинарите го прашаа за информацијата што ја пренел син му, пишува „Телеграф“.
Албанскиот премиер рече дека не сака да зборува за работи што се лични.