Првичните неофицијални резултати од денешните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека Социјалистичката партија на Еди Рама освоила најмногу гласови.

Излезниет анкети велат дека Рама освоил нешто над 46 отсто гласови, а демократите освоиле 43 отсто од гласовите, додека остатокот и припаднал на опозиционата СДИ.

Но, засега не е јасно дали ќе може да формира влада, односно дали ќе освои мнозинство од најмалку 71 мандат во Парламентот кој брои 140 пратеници.

Резултатите со кои излегуваат медиумите во Тирана се различни. Според едни, социјалистите освоиле токму 71 пратеник, но според други, повеќе мандати заедно имаат двете опозициски партии, демократите и Социјалистичкото движење за интеграција.