Владата сама тешко дека ќе ја убеди опозицијата да ги гласа уставните измени, смета провладиниот експерт Исмет Рамадани и индиректно бара странците силно да „притиснат“.
Тој во разговор за ТВ 24 во емисијата Студио 10 искажува верба дека сепак роковите ќе бидат испочитувани, а дел од пратениците на опозицијата „ќе ги стават државните пред партиските интереси“.
– Владата сама тешко ќе може да ја убеди ВМРО-ДПМНЕ да ги гласа уставните измени, но со помош на меѓународната заедница ова не е невозможна мисија, вели Рамадани.
Видеото може да го отворите ТУКА.