Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ беше меѓу граѓаните на општина Делчево каде зборуваше за придобивките и важноста од процесот на преговори со ЕУ.
– Денеска на Денот на македонскиот јазик добро е да се потсетиме токму СДСМ со своите одговорни државотворни политики, успеа македонскиот јазик да го унапреди и заштити и во ЕУ. Потпишавме Договор со Фронтекс кој е прв договор потпишан на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, рамноправен со сите јазици на Унијата, со тоа пропаднаа во вода сите лаги на опозицијата дека јазикот нема да се нарекувал македонски. Го продолжуваме процесот на преговори на македонски јазик, европските вредности и стандарди ги носиме дома и продолжуваме да работиме посветено за да ја реализираме стратешката цел – членство во ЕУ, порача Маричиќ.
Во општина Карбинци беше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никола Рилак кој пред присутните истакна дека оваа грејна сезона беше најуспешна досега, со рекорден раст на производството на струја од 45 отсто со што се демантираа лагите на опозицијата која ги плашеше граѓаните дека енергетскиот сектор ќе доживеел колапс, дека цената на струјата драстично ќе се зголемела и ќе имало чести рестрикции.