Импровизирана направа повреди полицаец откако експлодира денеска пред црква во центарот на Атина.

Експлозијата се случила утрото во седум часот по локално време,  додека полицацецот набљудувал „сомнителен“ пакет оставен пред црквата „Свети Дионисиј“, на една од главните улици во квартот Колонаки.

Полицаецот има повреди на рацете и лицето.

Полицискиот службеник веднаш бил пренесен во болница, а квартот е блокиран од полициски сили за борба против тероризам.

Досега никој не презеде одговорност за инцидентот.