Новиот менаџер на Фулам, Клаудио Раниери, вети дека ќе ги чести своите играчи во „Мекдоналдс“, секогаш кога неговиот тим нема да прими гол.

Во 2016 година, Раниери пристапи на сличе начин кога го предводеше Лестер – по едно парче пица.Тогаш „лисиците“ ја освоија титулата во Премиер Лигата.

Тимот од Лондон прима многу лесно голови во својата мрежа – по 12 кола во Англија, тие примија 31 гол.