Рашела Мизрахи и сите лаги на Зоран Заев на едно место

/ 29.08.2020

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната седница во Собранието ја потстети јавноста на сите лаги на Зоран Заев, поентирајќи дека на човек кој досега толку лажел, нема зошто да му се верува и сега.

Таа ги посочи изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската Унија, па рече дека Заев излажа за се и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца? – го праша Мизрахи, Заев.

-Новогодишно обраќање на Зоран Заев 30.12.2017 година, вие рековте нула толеранција за корупцијата, нула толеранција за кршење на човековите права, но не зборува денеска опозицијата зборува меѓународниот фактор којшто толку сакате да ви се обраќа и вели Македонија на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2019 година се наоѓа на 106-то место од 180 држави, резултатот е заробена држава, високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работата на јавниот сектор и неефикасност и нефункционалност на регулаторните тела, кое е резултат на недоволен капацитет за нивно работење, вели Мизрахи.

Мизрахи ги критикуваше и изјавите на Заев за економија во кои како што вели тој лажеше дека ќе има 500 евра плата, раст на платите и градежна офанзива, а од тоа видовме само раст на дивоградбите и осиромашени граѓани.

-Остануваме посветени велите, за пораст на животниот стандард, но доверба нема затоа што животниот стандард на граѓаните не се зголемува преку покачување на акцизата на нафтените деривати или цената на електрична енергија, напротив, во следниве од два до три месеци велите во октомври 2019 година дека ќе започнат подготвителни активности за најмалку пет или шест производствени погони, но каде се господине Заев? – вели Мизрахи.

Рашела Мизрахи се осврна и на податоците на НБРМ кои велат дека инвестициите се во слободен пад од околу 80 отсто, а тешко се реализираат и капиталните инвестиции, па праша каде отидоа 237 милиони евра па и згора на се задолжени сме за нашите внуци да ги враќаат тие пари.

-Господинот Заев во 2016 година изјавува: Денеска ја промовиравме мерката за Студентскиот град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентски домови, фитнес сали, кино сали, но од планот за живот за образование остваривте само 2% и нема квалитетното образование во Македонија, а со Ковид кризата се чини дека воопшто и ќе нема квалитетно образование во Република Македонија, истакна Мизрахи од собраниската говорница.

Таа посочи дека Заев на митинг во Скопје во 2016 година рекол дека ќе има бесплатно болничко лекување за сите, две години подоцна на ваква седница во јули 2018 година Заев тогаш вели дека имал таргет за бесплатно здравство, така останаа и ветувањата за 100 илјади денари плата за докторите, истакна Мизрахи.

Мизрахи го критикуваше Зоран Заев  за лажните ветувања во однос на воздухот и екологијата и им посочи на пратениците од СДСМ дека од нив има капацитетни луѓе, па можат да предложат мандатар за сите граѓани да не би имале ваков премиер како Заев, зошто кога нема нема живот, нема за сите граѓани, вели Мизрахи.

 


Од истата категорија