Рашела Мизрахи, која рано утрово беше разрешена од министерка за труд и социјална политика, и беше постојано мета на антисемитски напади од лица блиски до СДСМ, денеска објави фотографија со ќеркичката со порака дека остануваат во Македонија.
„Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години.
Срцето ни е тука!“, напиша Рашела Мизрахи.
Таа во својот говор во Собрание,рече: „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“.
Мизрахи беше разрешена затоа што држеше прес-конференции пред таблата Република Македонија,
Таа, како ретко кој политичар досега, ги доби симпатиите од народот.