РАСИЗАМ ВО САД: Уби три лица во Флорида од омраза кон Афроамериканците

/ 28.08.2023

Човекот кој уби три лица во напад со расна мотивација на Флорида јасно ја покажа својата омраза кон Афроамериканците, соопшти полицијата.

Рајан Кристофер Палметар (21) испукал 11 куршуми во жена која седела во нејзиниот автомобил во Џексонвил, пред да влезе во продавница и да застрела уште две лица. Шерифот Т К Вотерс изјавил дека потоа го свртел пиштолот кон себе и се самоубил.

Градоначалничката Дона Диган рече дека тоа е „злосторство од омраза“ поттикнато од расистичка омраза. На прес-конференцијата, Вотерс потврдил дека Палметар нема криминално досие и дека живеел со своите родители во округот Клеј.

Палметар напишал неколку манифести, за неговите родители, медиумите и федералните агенти, со детали за неговата омраза кон Афроамериканците, соопшти полицијата. Вотерс рече дека манифестите „детално ја прикажуваат одвратната идеологија на омраза на напаѓачот“.

„Генерално, овој напад беше расно мотивиран и тој ги мразеше Афроамериканците. Манифестот е, сосема искрено… дневник на лудак“, рече тој, а потоа додаде: „Тој знаеше што прави. Беше 100% свесен. Знаеше што прави и повторно, разочарувачки е што некој ќе тргне до толку за да повреди некого“.

Палметар легално го набавил оружјето, соопшти полицијата. Вотерс рече дека Палметар бил привремено задржан 72 часа во 2017 година според Законот за Бејкер, закон за ментално здравје кој дозволува присилно задржување на поединец за лекување.

Но, шерифот, зборувајќи за новинарите, рече дека проблемот не е достапноста на оружјето, туку дека убиецот е „лош човек“. Тој ги повика луѓето „да не бараат смисла во бесмислен чин на насилство“. Полицијата во Џексонвил на прес-конференција прикажа видео од надзорот на кое се гледа моментот кога Палметар се приближил до автомобилот во кој ја убил првата жена.

Потоа била прикажана снимка на која се гледа како влегува во продавницата. Вотерс потврди и дека Палметар пуштил некои луѓе неповредени да излезат од продавницата. „Зошто? Не знам. Некои од нив беа бели, но верувам дека имаше неколку што не беа“, рече тој.

Обвинителот Мерик Гарланд рече дека Министерството за правда „го истражува овој напад како злосторство од омраза и чин на расно мотивиран насилен екстремизам“.

„Ниту едно лице во оваа земја не треба да живее во страв од насилство мотивирано од омраза и ниту едно семејство не треба да тагува за загубата на саканата личност за да мрази“, рече тој. Нападот се случи на помалку од една милја од историскиот универзитет Едвардс Вотерс.

Палметар прво отишол во кампусот на универзитетот, каде што чуварот побарал од него да се легитимира, се вели во соопштението на универзитетот. Кога тој одбил, од него било побарано да замине. „Поединецот се врати во својот автомобил и го напушти кампусот без инциденти.

Вотерс рече дека напаѓачот потоа бил виден како носи панцир и маска пред да го напушти кампусот. Универзитетот бил заклучен по пукањето.


Од истата категорија