На вечното почивалиште го испрати поворка во која имаше 12 лимузини, три камиони, околу 300 луѓе, а сандакот го влечеше трактор украсен со цвеќиња.
Стотици натажени членови на семејството и пријателите дојдоа да му оддадат почит на „Кралот на Ромите” на раскошниот погреб во Мартак во Сомерсет.
Насекаде имаше трактори, коњи, овци и шишиња од џин, па дури и целото село вчера застана додека низ центарот минуваше шарената поворка во која имаше неколку лумузини.
Сите сакаа да му одадат последен поздрав на починатиот Ајор Хусе (46), трговец со коњи и фармер, кој почина минатиот месец во неговиот дом во Илчестер, Сомерсет. Тој почина од срцев удар.
Тој ден беа затворени дури и продавниците, а локалните жители велат дека никогаш не виделе нешто слично.
Ожалостените на патот кон црквата „Сите светци” ја пееја „Алилуја” и „Ти си мое сонце”. А во црквата се пееше „Mr Boombastic” од Шеги и евергрин реге на Боб Марли .
Пред погребот, неговите браќа и сестри рекоа дека тој е нивниот предок, кралот на семејството и секогаш е силен лидер. Тие додадоа дека тој ги сака животните и дека секогаш ги има најдобрите коњи.
Неговите браќа и сестри истакнаа дека тој бил нивниот Дел Бој, господар на сите занаети, човек со голема смисла за хумор и секогаш спремен да помогне.