Францускиот бенд за електронска музика „Дафт Панк“ објави дека повеќе не постои. Со тоа заврши 28-годишната соработка што им донесе хитови на обожавателите како „Around the World” и „One More Time”.
Групата од Париз, позната по тоа што луѓето на видеоспотовите и настапите се облекуваа во робот-костуми и метални кациги, на својот Јутјуб-канал објави видео со наслов „Епилог“ и симболична порака: 1993-2021. Списанието „Варајети“ ја цитираше издавачката Кетрин Фрејзер, дека распуштањето било неминовно, без да даде повеќе подробности.
„Дафт панк“ беше составен од дуо Томас Бангалтер и Жи-Мануел де Омем-Кристо од Франција – парижани, другари од училиште. Тие се појавија на големата музичка сцена 2008 година, кога нивната песна „Harder Better Faster Stronger“ беше номинирана за Греми награда за најдобра песна.