На два дена пред концертот, целосно се распродадени влезниците за концертот на Неша Галија Трио закажан за 12-ти август на Летната сцена во Струга.  Со ова уште еднаш се потврдува величинита но и актуелноста на „Галија“ која Неша ја основа во далечната 1976 година.

Неша Галија Трио е составено од фронтменот Ненад Милосављевиќ – Неша, неговиот брат Предраг и Горан Вучетиќ. Концертот е во организација на Сцена продукција и „БараБар“, а во рамки на мини турнејата во која триото покрај во Струга, ќе настапи во Струмица (13-ти август, Хотел „Вила Парк“) и Кавадарци (14-ти август, „Елемент“).