Во масовното злосторство во Цетиње загинаа 10 лица, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица во моментов се борат за животите на четворица жители на Цетиње, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.
Сите полициски единици, како и припадниците на СЈП со часови трагаат по осомничениот Ацо Мартиновиќ.
Мартиновиќ криминалот го започнал во кафаната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар.
По злосторството во таа кафана, тој ги продолжил крвавиот пир. Од полицијата соопштија дека по расправија во кафеаната, Ацо усмртил неколку лица, по што со крвавиот пир продолжил на три други локации каде меѓу другите лица усмртил и две малолетни лица на возраст од 10 и 13 години.
На „Вијести“ им било кажано дека во тој локал дошло до тепачка по што сега осомничениот извадил оружје и пукал.
Полициската управа упати апел до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителот.
Осомничениот Ацо Мартиновиќ е вооружен и користи моторно возило.
Полициски официјални лица вечерва изјавија дека во 2005 година тој бил условно осуден поради насилничко однесување. Во 2022 година полицијата против него превземала мерки и вршела претреси при што пронашла воздушна пушка и друго оружје и експлозив за кое бил првостепено осуден на три месеци затвор, пресуда која не е конечна бидејќи Мартиновиќ поднел жалба, а постапката е во тек.
Оружјето кое го користел при денешниот масакр, не е пронајдено, а полицијата вели дека го поседувал без дозвола.