Драги Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, тврдело Обвинителството и барало повторно притвор за поранешниот генерален секретар на владата. Кривичниот суд во Скопје ги отфрлил овие тврдења и го оставил во домашен притвор, објави Телма.
За „Телма“ ова го потврдиле и од судот од каде што велеле дека немало основи за Рашковски да се врати во ефективен притвор.
И понатаму ќе остане мерката домашен притвор и забрана за комуникација со останатите осомничени во неговиот случај. Инаку Рашковски првично при приведувањето доби домашен притвор но само после една недела судот по барање на обвинителството го испрати в озатвор оти се утврди дека тој влијаел врз другите осомничени. По месец и половина повторно беше вратен во куќен притвор. Осомничен е дека ја злоупотребил службената положба и со државни пари набавил и систем за биометриска идентификација, а претходно ист таков си патентирал како негов изум, пишува Телма.