Со помош на американските специјални служби биле спречени терористички напади на територијата на Русија, се дознава од денешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.
Разговорот бил инициран од Москва, а Путин му заблагодарил на Трамп за информацијата, добиена преку специјалните служби, кои помогнале за спречување на терористички напади во Русија.
Освен тоа двајцата лидери се осврнале и на повеќе прашања од взаемен интерес, а се договориле да ја продолжат соработката во борбата против тероризмот.
Претходно денеска Путин имаше телефонски разговор со германската канцеларка Ангела меркел. Тие се согласија да го поддржат проектот „Северен поток 2“, позитивно ја оценија размената на затвореници со Украина и се договориле за натамошни контакти.