Во денешниот телефонски разговор кој почна околу 17 часот по европско време и траел точно 62 минути, американскиот претседател Џо Бајден му рекол на рускиот Владимир Путин дека руската инвазија на Украина ќе донесе решителен и брз одговор од Западот, како и дека ќе предизвика широко распространето страдање и ќе го намали угледот на Русија во светот.
Во најновиот обид да се избегнат непријателствата, двајцата претседатели разговарале телефонски еден ден откако Вашингтон и неговите сојузници ги предупредија дека руските сили во близина на Украина може да нападнат во секој момент. Висок претставник на администрацијата на Бајден рече дека повикот бил професионален и суштински, но рече дека немало фундаментална промена.
Зголемувањето на бројот на војската на Русија во близина на Украина и напливот на воени активности ги поттикнаа стравувањата дека Русија може да изврши инвазија. Русија негира дека има такви планови.
Бајден му рекол на Путин дека САД се подготвени за дипломатија и „други сценарија“, соопшти Белата куќа.