Педесет и седум годишен маж од Сицијила ги полеал со бензин и ги запалил неговата бивша сопруга, 49-годишна Бугарка и нејзиниот нов пријател, исто така на 57 години.
Околу 8,30 часот вчера, во градот Маскали, Катанија, Џузепе Фортунато Таормина ги сретнал поранешната сопруга и нејзиниот љубовник, исто така од Маскали.
Избила кавга, по што тој ги полеал двајцата со бензин и ги запалил, а потоа побегнал.
Полицијата набргу го уапсила и го обвинила за обид за убиство.
Жената од болницата во Катанија е префрлена во центар за изгореници во Палермо. Таа е со 50 отсто изгореници по телото и се бори за живот.
Нејзиниот пријател има 30 отстотни изгореници.