Украинските и проруските сили денеска во источниот дел на Украина разменија 200 затвореници, како дел од постигнатиот договор на состанокот на Нормандиската четворка во Париз.
Размената на затворениците е извршена на линијата на раздвојување Горловка – Мајорскоја, меѓу Украина и регионот Доњецк, по што во Украина се вратија 124, а Украина ослободи 76 затвореници.
Како што објавија локалните медиуми, меѓу затворениците ослободени од Украина имало и пет поранешни членови на специјалните полициски сили Беркут, за кои постои сомнеж дека отвориле оган врз учесниците на протестот во Киев во 2014 година. Исто така, меѓу проруските затвореници имало и петмина државјани на Русија и еден државјанин на Бразил.
Последен пат размена на затвореници е направена во декември 2017 година, кога биле разменети 233 припадници на проруските сили и 73 Украинци