Украинската заменик министерка за одбрана Хана Малиар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, соопшти денеска украинската Влада.
Од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, Малијар честопати беше задолжена за објавување информации за ситуацијата на фронтот.
– Покрај неа, разрешени се уште пет заменици министри – објави Ројтерс.
Од Владата не ја образложија одлуката за разрешувањата, кои следеа по назначувањето на Рустем Умеров за нов министер за одбрана.