Приказните за неверство на принцот Вилијам не престануваат со месеци, а во центарот на вниманието е едно лице.
Станува збор за Роуз Хенбери, поранешна пријателка на Кејт Мидлтон, со која е веќе извесно време во кавга.
Големиот скандал ја тресе Кенсингтонската палата!
Војводата од Кембриџ, наводно, имал афера со Роуз за време на третата бременост на Кејт, а за тоа се шпекулира повеќе од една година.
Сепак, британските медиуми одбиваат да пишуваат за аферата од почит кон членовите на кралското семејство.
Роуз Хенбери и нејзиниот 58-годишен сопруг Дејвид, маркиз Чолмондели, се високо позиционирани во општеството и со задоволство гледани на забавите во палатата.
Кога Кејт дозна за прељубата, таа, наводно, сторила сé за на двојката да и го блокира пристапот до социјални настани.
Оваа афера е една од причините за нетрпеливоста помеѓу принцот Вилијам и Хари.