Корисниците од селата Долно и Горно Свиларе, Љубин, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје, Кучково, Кондово и дел од село Волково утре од 6:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Сердарот“, „Нагоричани“ и „Речиште“ во Општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Франц Прешерн“ во Општина Карпош, од 9:20 до 14:00 часот корисниците кои се наоѓаат во и околу Градски парк во Скопје со исклучок на Градско Собрание, а од 10:15 до 15:00 часот корисниците на улица „Скупи“ подулици со бр.3 и бр.11, како и објектите околу фирмата бетонара „Ратко Митровиќ“ во Општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.