Без струја утре од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата „Панче Пешев“ во општина Карпош и од 9:45 до 14 часот корисниците на дел од селата Семениште и Чајлане во општина Сарај.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре од 9:30 до 14: 30 ќе останат корисниците на дел од улицата „Ѓорче Петров“ згр.бр.48 и згр.бр.50, зградата на мебел Кристина, поранешен објект на АРМ во општина „Ѓорче Петров“.

Прекинот со струја е поради планирани технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје.