Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека е „скршен“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон.

– Ова е гнасен чин на омраза, на антисемитизам, напиша тој на X. „Нашите срца се со најблиските на убиените, а нашите молитви се со повредените.“

Тој додаде дека ја испраќа својата „целосна поддршка“ на персоналот во амбасадата и е со еврејската заедница во САД.

– Америка и Израел ќе останат обединети во одбрана на нашиот народ и нашите заеднички вредности. Теророт и омразата нема да нè скршат, пишува тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди убиствата и сугерираше дека тие биле поттикнати од антисемитизам.

– Овие ужасни убиства во Вашингтон, очигледно базирани на антисемитизам, мора да престанат, веднаш! Омразата и радикализмот немаат место во САД, напиша тој на Truth Social.

– Сочувство до семејствата на жртвите. Толку е тажно што вакви работи може да се случат! Бог да ве благослови сите!, напиша Трамп.