Ако анкетите се нарачани, а ВМРО-ДПМНЕ во раскол, ајде СДС охрабрете се излезете на избори.
Очајот во СДС веќе пробива секоја граница, свесни се дека губат катастрофално, па сеат магла за местени анкети и раскол, ако беше така тие одамна ќе побараа избори.
Вистината е сосема друга, на СДС не им гласаа двајца пратеници во собранието кога ги ставија уставните измени на 18 август.
СДС има раскол во сопствените редови, а тоа го видовме на 18 август.
СДС се раслојува, а тоа си го кажуваат и нивните пратеници преку фејсбул статуси.
И ВМРО-ДПМНЕ и СДС и сите во Македонија знаат дека СДС ќе изгуби и ќе оди во опозиција, резултатот ќе им биде историски срам.