Град Скопје изразува жалење што советничката Колариќ не може да го увиди она што цело Скопје го гледа. Во изминатите 4 години низ Скопје се гради плански, по ред и со сите фази на градба. Колариќ не може да ги види работите на Борис Трајковски затоа што во моментов се гради атмосферската канализација под земја, а без чие завршување не може да се почне со надземната инфраструктура.
Со оглед дека првиот дел на булеварот Борис Трајковски е изведен без канализација од страна на поранешната градска администрација, не зачудува ни очекувањето и овој дел да биде сработен на истиот начин. Ќе мораме да ја разочараме советничката и преку овие фотографии да и покажеме на јавноста што се работи во моментов на потегот помеѓу Пинтија и Драчево.
Одделение за односи со јавноста и информации за граѓаните