Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, пренесува српски Курир вечерва.
– Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да ѝ признаваме ексклузивни канонски права во С. Македонија, рече тој.
Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство
Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот.
Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и сега ќе може да сослужува со нејзе.