Ако нашиот услов е да се плаќа во рубљи, тогаш тоа значи дека мора така да се плаќа. Имаат доволно прилики да купат рубљи, е реакцијата на Русија по одлуката на Г7 да го офрлат условот на Путин, рускиот гас да се плаќа во рубљи.
Одбивањето на земјите членки на “G7” да плаќаат гас во рубљи ќе доведе до прекин на снабдувањето со гас во Европа, соопштиле денеска од Русија, пренесува “РИА Новости”.
Ја пренесуваат изјавата на Иван Абрамов, шеф на советот за економски политики, кој рекол дека Русија не може бесплатно да нуди гас.