Реал Мадрид бара тренер кој ќе биде подготвен да ја преземе функцијата пред почетокот на следната сезона, јави денеска шпанското радио „Кадена СЕР“.
Оваа недела, раководството на 15-кратниот европски клупски шампион одржа неколку состаноци со потенцијални кандидати за тренерската позиција. Се очекува новиот тренер да почне со работа во клубот на лето, а Алваро Арбелоа ќе остане на чело на Кралскиот клуб барем до крајот на сезоната.
Пред неколку денови беше објавено дека Реал Мадрид и Арбелоа потпишале договор до крајот на сезоната 2026-27.
Доцна синоќа, Реал Мадрид загуби со 2-3 на гостински терен од второлигашот Албасете во осминафиналето од Купот на Шпанија.




