Реал Мадрид ги освои трите бода во пресметката со Селта Виго (2-1) во Примера во дуел во кој актуелниот лидер доби дури три пенали од судијата Гонзалес Фуертас.
Карим Бензема реализираше два од трите удари од 11 метри (Дитуро му го одбрани вториот) што беше доволно за „кралевите“ да изборат триумф со кој дополнително се доближија до пехарот во Ла Лига.
Секако домаќините беа разочарани и бесни од арбитражата на главниот арбитар, а најдиректен беше најдобриот нивен играч Јаго Аспас.
-Само фалеше судијата да свирне уште еден пенал и сам да го изведе. Изгледа сакаше хет-трик од Бензема, тоа го бараше, -порача некогашниот член на Ливерпул.
Реал во следната рунда го пречекува Хетафе, Селта Виго пак оди во Каталонија на соочување со Еспањол.