Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2:1.
Реал го надигра најголемиот ривал, особено во првиото полувреме, забележа победа и стекна пет бода предност пред Барселона.
На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме.
Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена.
Десет минути подоцна, Мбапе постигна брилијантен гол. Додека играчите на реал славеа се огласи ВАР и го поништи голот поради милиметарски офсајд.
Во 21-та минута, Мбапе, по одличното додавање од Белингам, се најде сам пред Шчечин и ја затресе мрежата за водство на Реал.
Овој пат немаше офсајд. 12-ти гол на Мбапе оваа сезона, а веќе шести во натпреварите од „Ел Класико“.
Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38-та минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1:1.
Четири минути подоцна Реал ја врати предноста со голот на Белингем. Во 45-та минута Мбапе постигна гол, но беше во голем офсајд и резултатот остана 2.1
Во вториот дел, Шчесни, најдобриот играч на Барселона, му одбрани пенал на Мбапе во 52-та минута. Во следниот напад Фермин Лопз промаши голема шанса за Барселона.
Од тој момент падна темпото во играта, Барселона ја презеде контролата врз топката, но немаше никаква продукција. Можеше Кунде да изедначи во 90-та минута, но лошо ја прими топката испратена од Јамал.
Во 98-та минута Шчесни го одбрани обито на Родриго од слободен удар. Пред истекот на натпреварот Педри го доби вториот жолт картон.




