Реал Мадрид одлучи да го продаде плејмејкерот Иско, а позната е и сумата за која овој фудбалер може да си замине.
Реал за Иско бара отштета од 70 милиони евра. Тренерот Зинедин Зидан нема доверба во Иско, тој не му се вклопува во концепцијата, и сака да се ослободи од него.
Веројатно Иско нема да има проблем да си најде нов клуб. Интерес за него има од англиските Манчестер јунајтед, Арсенал и Манчестер сити, како и од италијанскиот првак Јувентус, но во Јуве не би платиле 70 милиони, па затоа пореално е во јануари Иско да замине во Премиерлигата, отколку во Серија А