Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл изјави дека сака да игра за клубот. Тој исто така истакна дека одлуката за трансферот е на раководството.
– Не знам што може да се случи за време на овој преоден рок. Клубот одлучува. Но, искрено, тој не прави ништо за да ја поправи ситуацијата. Јас сакам да играм, го цитира Бејл „Скај Спорт“.
Минатата сезона, Велшанецот настапи на само 16 првенствени натпревари во Шпанија, на кои постигна два гола.
Триесет и едногодишниот фудбалер игра во Реал од 2013 година, каде се пресели од Тотенхем.