По 787 дена, Хамес Родригез повторно тренира со Реал Мадрид, и покрај неизвесноста околу неговата иднина.
Колумбиецот учествуваше во работата на тимот во „Валдебебас“, каде што тимот се подготвува за своето учество на традиционалниот турнир „Ауди куп“ во вторник и среда.
Претходниот пат, кога Хамес беше дел од тренингот „белите“, беше на 2 јуни, 2017 – еден ден пред финалето на Лигата на шампионите, кое неговиот тим го освои, но тој не влезе во групата.
Беше две сезони на изнајмување во Баерн, каде што неговите настапи беа променливи и сега, исто така, е малку веројатно дека ќе остане дел од „кралскиот“ клуб, иако не е јасно каде ќе ја продолжи кариерата.
Интерес за него има од Атлетико Мадрид и Наполи, но засега нема конечен договор. Сепак, Хамес не влегува во плановите на Зинедин Зидан и е на листата за продажба.