Фудбалерот на Спортинг, Нуно Мендеш може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Шпанскиот првак е импресиониран од настапите на 18-годишниот Португалец во клубот од Лисабон. Левиот бек влезе во сферата на интерес на Реал Мадрид како човекот кој може да биде наследник на Марсело.
Нунo Мендеш неодамна го продолжи договорот со Спортинг до 2025 година, а за негов откуп ќе требаат 45 милиони евра.
Реал Мадрид веќе се консултираше со Спортинг за можен трансфер на играчи.
Во сезоната 2019/20, Нуну Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така влезе на теренот на девет натпревари за сениорскиот тим, од нив на седум беше стартер.