Шпанскиот шампион Реал Мадрид го освои првото издание на „Ел Класико“ оваа сезона по победата од 3:1 на гостувањето кај Барселона во натпревар од седмото коло на Ла Лига.
Феде Валверде (5), Серхио Рамос (63 – пенал) и Лука Модриќ (90) погодија за „Лос бланкос“. Ансу Фати се запиша повторно за Каталонците.
Така, Реал се врати на најдобар можен начин по два последователни порази во рок од неколку дена, а проблемите на Барселона надвор од теренот се чини влијаат негативно на составот на Роналд Куман.
По мечот, Реал се искачи на првата позиција, додека Барса е на незавидното 10-то место но и со дуел помалку од денашниот противник.
(MИА)