Реал Мадрид одигра нерешено 0:0 синоќа на домашен терен на натпревар со Атлетик Билбао во 18. коло од шампионатот на Шпанија.
За „кралевите“ ова е второ реми по ред без постигнат гол и трет нерешен резултат во низа.
Сепак, нерешениот резултат без примен гол значи и најдобра одбрана за Реал во последните 32 години. Тимто на 18 натпревари има примено само 12 гола. Претходно вакво достигнување е забележано во сезоната 1987/88.
На табелата во Ла лига води Барселона со со 39 бода, пред Реал кој има 37 и Севиља со 34.